Визија, Мисија, Стратегија
ЛАР е граѓанска организација која се стреми да го подобри квалитетот на живот на граѓаните во регионот од југозападна Македонија, преку поддршка на локални акции, зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка, формирање на одржливи форми на туризам и промоција на волонтеризмот.
ЛАР Струга работи на остварување на милениумските развојни цели и ги застапува универзалните принципи за одржлив социо-економски развој, социјално вклучување на ранливите групи, родова рамноправност, меѓуетнички дијалог и соработка и заштита на животната средина.
Долгорочни цели
- Поддршка на интеркултурна соработка и меѓу-етнички дијалог
- Остварувањето на Милениумските Развојни Цели преку овозможување на подобар и еднаков пристап за социјално маргинализирани групи
- Регионален развој преку вмрежување со различни заинтересирани страни од регионот и преку-гранична соработка
- Намалување на разликата во развојот помеѓу урбаните и руралните средини во нашиот регион
- Подобрување на квалитетот на живот на жителите од југозападниот регион на Македонија
- Промоција на одржливи форми на туризам
Побарајте нè и на: