Немој!

За проектот:
Дискриминацијата врз основа на пол, етничка и верска припадност е посебно изразена во руралните средини во општина Струга. Жителите, многу често не ја препознаваат дискриминацијата како негативна појава. Предрасудите се дел од традицијата и согласно на тоа и дискриминацијата е општо прифатена и не се осудува. Децаат кои растат во овие средини, ги прифаќаат дискриминативните модели на однесување и созреваат без воопшто да ја преиспитаат исправноста на нивните ставови. Главната цел на овој проект е да им се помогне на жителите од руралните средини од општина Струга да научат да ја препознаваат дискриминацијата и да развијат позитивни начини на справување со истата. Младите луѓе да созреат во комплетни личности кои предрасудите ги заменуваат со емпатија и кои ќе знаат како да ја застапуваат правдата, еднаквоста и човековите права.
Временска рамка:
јули 2011 – ноември 2011
Соработници:
Основните училишта од руралните средини во општина Струга, Хелсиншки Комитет – Скопје, Комисија за односи меѓу заедниците - Струга
Резултати:
  • Одржана обука на тема „Дискриминација и Човекови Права“ со 20 претставници од руралните средини
  • Напишани 4 сценарија кои обработуваат различни форми на дискриминација и адаптирани за куклен театар
  • Изработени 4 сцени за куклен театар и 20 кукли кои се поклонети на 4 основни училишта: „Браќа Миладиновци“ од Струга, Драслајца, Лабуништа и Радолишта.
  • Изведени 11 театарски претстави во Вевчани, Драслајца, Мороишта, Франгово, Октиси, Делогожда, Заграчани, Радолишта, Лабуништа и Струга.
  • Изработено ДВД со снимките од куклените претстави и објавени на www.facebook.com/ldastruga
Поддржано од:
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права и Програмата за развој на Обединетите Нации „Да им помогнеме на заедниците заедно“, финансиски поддржана од владата на Шпанија преку фондот за остварување на Милениумските развојни цели.

Види фотографии тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам