Развој на рурални заедници преку одржлив туризам

За проектот:
Стапката на невработеност во Македонија е 36%, а во руралните подрачја е уште повисока. Многу луѓе кои живеат во селата, се принудени да ги напуштаат нивните домови бидејќи немаат никаква можност да најдат работа. Од друга страна, во последните години, забележана е зголемена посета на туристи во регионот околу Охридското Езеро. Во таа насока, тимот на ЛАР Струга препозна дека развивањето на селски туризам во селата околу езерото е многу убава можност за економско зајакнување на локалното население. Главната цел на овој проект е да им помогне на жителите од руралнит еподрачја да почнат да развиваат одржлив туризам кој нема да ја загрози животната средина, а ќе им овозможи дополнителни приходи.
Временска рамка:
март 2009– мај 2009
Соработници:
Карен Шаан - волонтер од Мировен Корпус
Резултати:
  • Избрани 6 села и воспоставени контакти со локалното население кои пројавиле интерес за започнување на туристички активности
  • Реализирани 3 студиски посети во села кои веќе имаат развиено одржлив туризам
  • 20 учесници запознаени со основите за отпочнување на мал бизнис поврзан со туризам во руралните средини
  • Создадена мрежа на поддршка помеѓу 6 села и локалните туристички водичи
Поддржано од:
„Пријатели на Македонија“ и Мировен Корпус

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам