Локална агенција за развој е членка на Коалицијата на младински организации "СЕГА"
“Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во РМ”
За проектот
Целта на проектот е зајакнување и промоција на меѓукултурниот дијалог во деловите од Македонија каде што живеат млади лица со различно етничко потекло, како и поттикнување на младите да бидат активни промотори на соживот и меѓукултурно разбирање.
Временска рамка
Август 2012 - Декември 2012
Активности:
Организирање обуки за пеер врснички едукатори за меѓукултурен дијалог
Спроведување на врснички работилници за меѓукултурно разбирање
Креативно изразување преку ликовни творби
Видео конференција помеѓу различни групи на млади
Промовирање на културните вредности и креативните творби преку електронски каталог “Младите промотори на меѓукултурниот дијалог”
Поддржано од:
Проектот е поддржан со програмата CIVICA Mobilitas – имплементиран од ЦИРа и финансиран од SDC
„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето (КПД) во Македонија“
За проектот:
Проектот опфаќа спроведување на процес на мониторинг и евалуација
на конвенцијата за правата на детето во Македонија, во полето на
учество на децата и младите во процесите на донесување одлуки на
локално и национално ниво. Процесот на мониторинг и евалуација ќе
продуцира периодични и годишни извештаи. Со овој проект директно
ќе се делува кон заштита на детските права во основните и средните
училишта, преку воспоставување на дете правобранител како и кон
подобрување на функционирањето на училишните организации и
процесите на избори на претседатели во училиштата.
Временска рамка:
Мај 2011 – во тек
Имплементатор:
Коалиција на младински организации “СЕГА” од Прилеп
Партнери:
Зг „Локална агенција за развој“ – Струга (локален координатор)
Резултати:
Присвоен прирачник за избор на претседател на клас/одделение на
демократки начин во 1 основно и 1 средно училиште во Струга
Спроведен мониторинг на имплементацијата на конвенцијата
за правата на детето во 1 основно и 1 средно училиште во Струга,
опфатени 40 ученици и 10 членови на стручни служби, претставници од
Министерство за образование при локални институции и новинари
Воспоставен модел на дете правобранител во 1 средно и 1 основно
училиште
Формирани училишни заедници во 1 средно и 1 основно училиште
Реализирани 34 работилници за младинско учество, конвенција
на правата на детето, специфична улога на детето правобранител,
застапување и лобирање и раководење со проектен циклус, опфатени
преку 400 ученици
Реализирани две интеркултурни размени за 16 ученици во Детското село, Троген Швајцарија
Изготвени годишни програми за работата на училишните заедници во едно средно и едно основно училиште во Струга
Побарајте нè и на: