Старите за старите

За проектот:
Осаменоста, социјалната изолација и социјалната исклученост се важни фактори на ризик за лошо здравје кај постарите луѓе, особено во отсуство на семејни мрежи или недоволна поддршка за семејства. Ова влијае на сите аспекти на здравјето и благосостојбата, од менталното здравје и деменција до ризикот од итни приеми во болница поради состојби кои може да се избегнат како што се тешки дехидрација или неухранетост.
Сиромаштијата кај постарите луѓе може значително да го зголеми нивниот ризик од социјална исклученост.Постарите жени се особено на удар од сиромаштија во староста и социјална исклученот.
Често, стареењето не е бавен и постојан пад. Истражувањата покажаа дека социјалната изолација и осаменоста резултираат со сериозни здравствени состојби кај постарите возрасни лица.
Возрасните имаат потреба од редовни социјални интеракции, бидејќи когнитивното опаѓање може да предизвика ненамерно социјално повлекување. Сепак, социјалните интеракции можат да играат позитивна улога во спротивставувањето на когнитивниот пад.
За време на СОВИД-19, социјалните интеракции уште повеќе се ограничија особено за постарите возрасни лица.
Пензионерите што стареат немаат голема заедница што би им обезбедила значителна емоционална поддршка. Многумина ги изгубиле нивните сопружници за време на пандемијата. На луѓето им требаат квалитетни односи, без разлика на нивната возраст. Чувството на емоционално и физичко исклучување од луѓето може да биде штетно за здравјето.
Старите лица имаат потреба од вклучување во локални здравствени, социјални и рекреативни активности.
Локација:
Охрид
Временска рамка:
Декември 2022 – Ноември 2023
Партнери:
Женски Центар „Бисера“
Геријатрија при Општа Болница - Охрид
Болница за ортопедија “Св.Еразмо“ Охрид
Здружение “Спорт за сите-сите за спорт“ Охрид
Главни цели:
Да се намали осаменоста, социјалната изолација и социјалното исклучување, кои се важни фактори на ризик кои влијаат на здравјето и благосостојбата на постарите луѓе.
Овие активности ќе овозможуват социјални интеракции меѓу повозрасните лица, на безбеден простор, во пријатна атмосфера и притоа ќе се создадат локални заедница кои би дале важен придонес за квалитет на живот, поврзан со здраво стареење, подобри услови за живот и поздрави животни навики и за урбаните и за руралните населби.
Во соработка со самите возрасни лица ќе работиме на промовирање на граѓанскиот ангажман на постарите луѓе и зајакнување на улогата на волонтерството, и поттикнување на меѓугенерациските односи преку пренос на знаења и вештини.
Резултати:
  • Старите се охрабрени да се дружат и да се активираат. Организирани 13 различни настани - во настаните ќе има предавања со стручни лица, заеднички физички вежби на отворено, изложба, студиски патувања, поетски читања.
  • Идентификувани точните проблеми за старите на кои им треба нега, и точните податоци за таа тема, колку кревети се на располагање, за колку има потреба, што недостига и кој е надлежен,, што се направило, а што треба да се направи, и кој треба да го направи тоа. Со овие податоци ќе се излезе во јавност и ќе се бара ангажман од надлежните и од Градскиот Совет соодветни политики. Спроведено едно теренско истражување.
  • Ангажирани и поисполнети стари лица во општина Охрид - Очекуваме да има индиректно вклучени како учесници 250 лица, а дирекно како предавачи и организатори 20тина стари лица.
Поддржано од:
Црвен Крст на Македонија

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам