„Претприемач – да се биде или не? - училиштата и бизнисите за одговорно претприемништво“

За проектот:
Претприемништвото е тема за која се повеќе се зборува во Македонија. Перспективата за успех и благосостојба и на индивидуално и на колективно ниво во голема мера зависи од развојот на претприемнички дух и вештини неопходни за самовработување и/или отворање бизнис. Општата цел на проектот е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните стручни училишта во Охрид и Струга преку обуки со наставниците и учениците и соработка со бизнис заедницата.
Временска рамка:
Мај - Септември 2015
Соработници:
Средното Економско Училиште „Св.Кирил и Методиј“ Охрид, Клуб Сороптимист Струга
Резултати:
  • Организиран натпревар меѓу 4 тима за најиновативно одговорно решение за реални предизвици поврзани со бизниси од регионот. Во изборот беа вклучени 5 локални претприемачи
  • Зајакнати претприемачки вештини кај 40 ученици од средните стручни училишта во Македонија
  • Реализирани 8 обуки на теми поврзани со претприемништвото: проактивност, аналитичко и креативно размислување, финансиска писменост, управување со буџети, комуникациски вештини, тимска работа и лидерство
  • Реализирани едукативни посети на фирми и средби меѓу учениците и најмалку 5 локални успешни претприемачи
Фотографии од проектот
Фотографии од Натпреварот
Фотографии од Летниот Камп
Поддржано од:
Проектот е поддржан од Мрежата за млади претприемачи преку Европската Унија

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам