ИПА Прекугранична соработка - "Женска прекугранична соработка за промена"

За проектот:

Главната цел на проектот е да се овозможи и забрза социјалната интеграција на жените кои долго време се невработени и на младите жени кои штотуку излегле на пазарот на труд и живеат во руралните и урбаните делови на прекуграничниот регион Македонија – Албанија. Ова ќе го постигнеме со зајакнување на капацитетите на жените за вработување преку обуки за лидерство и менаџмент, студиски патувања и прекугранични средби.  Активностите од овој проект ќе придонесат за зајакнување на прекуграничната соработка на три нивоа. Првото ниво е соработка меѓу граѓанските организации. Второто ниво е воспоставување на соработка дирекно помеѓу жените - учеснички. Третото ниво е институционално ниво – ќе постигнеме соработка помеѓу претставниците од јавните институции во двата града со тоа што ќе им овозможиме да присуствуваат на прекуграничните конференции и студиски патувања. На овој начин ќе се запознаат меѓусебно и ќе можат да остварат взаемна соработка во иднина и на други активности. 

Временска рамка:
април 2011 – април 2012
Соработници:
НВО „Уне Груаја“ Поградец
Резултати:
  • Зголемена свест кај јавноста и институциите кои ги третираат социјалните прашања и проблематиката на социјалната исклученост и сиромаштијата во која живеат невработените жени.
  • Зајакнување на лидерските вештини и зголемување на личните знаења и способности на жените учесници како помош при нивната поголема интеграција во општеството. Обучени жени кои можат да бидат компетитивни на пазарот на трудот
  • Зголемување на соработката и контактите помеѓу жените од пограничниот регион.  Локалните настани и студиските посети промовираат социјален дијалог помеѓу учесниците, локалното население и локалните чинители. Овие настани/студиски посети овозможуваат зајакнување на постоечките како и градење на нови мрежи и партнерства. Учесниците учат и ги применуваат ново-научените лидерски и социјални вештини преку креирање и одржување на настаните.
  • Започнување на соработка и создавање на цврста мрежа помеѓу локалните институции од областа на социјалната заштита и универзитетите од пограничниот регион. Размена на искуства, зајакнување на соработката и развој на нови идеи.
Поддржано од:

Проектот е финансиран од Европската Унија

Види фотографии тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам