Нашите почетоци
Локалната Агенција за Развој (ЛАР) во Струга е основана во Јануари 2004 година како дел од проектот „Локално Управување за Одржлив Економски и Човечки Развој“ ( Кластерот на УНДП за Децентрализација и Добро Управување).
За време на овој проект, главниот мандат на ЛАР беше да го поддржи долгорочниот развој на Општина Струга преку идентификување на приоритетни области, воспоставување партнерства и мобилизирање на претставници од приватниот сектор, граѓанските организации и локалната самоуправа.
Денеска, ЛАР е самоодржлива организација со доволно знаење и капацитет да ја опслужува општината, регионот и граѓаните.
ЛАР е препознаена како независен, непартиски и професионален актер во локалната заедница. Уште од самиот почеток, ЛАР го применува пристапот кој подразбира проактивност и партиципативност во соработката со претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор при имплементирање на проектните активности.
Побарајте нè и на: