Родова анализа на програмите за социјална политика и еднакви можности во општина Вевчани
За проектот:
Со овој проект ќе допринесеме кон решавање на проблемот со непрепознавање на важноста од вклучување на родовата перспектива во општинските политики и програми во насока на постигнување на родова еднаквост. Тоа ќе се постигне така што ќе направи родова анализа и проценка на програмата социјална заштита и програмата за еднакви можности, ќе утврдиме родови индикатори врз основа на кои ќе ја следиме имплементацијата на програмите за 2022-ра и ќе подготвиме родово буџетски иницијативи кои ќе ги претставиме пред Комисијата за еднакви можности и пред советот на општината. Врз основа на родово буџетските анализи ќе предложиме промена на програмите согласно идентификуваните предизвици за жените и мажите како крајни корисници на програмите и постигнување на родовата еднаквост.Преку активностите и иницијативите, ќе работиме и на зајакнување на капацитетите на новата Комисија за еднакви можности која пред себе има 4 години мандат и многу обврски кои произлегуваат и од Законот за еднакви можности но и од Стратегијата за родова еднаквост.
Локација:
ВевчаниВременска рамка:
Април 2022 – Април 2023Главни цели:
Целта на анализата на програмите и буџетите на ЕЛС од родова перспектива е да се истражи степенот до кој избрани локални програми и буџети ги земаат предвид родовите прашања односно потребите на жените и мажите. Целта ќе се постигне преку развивање на квантитативна и квалитативна родово буџетска анализа на избрана програма на општината што ќе овозможи утврдување на состојбите во однос на родовата еднаквост во областа и конципирање на препораки за зголемување на нејзината родова одговорност. Ваквите препораки имаат цел да придонесат кон остварување на стратешките определби во областа на родовата еднаквост и еднаквите можности и интегрирање на родовата перспектива во главните текови на локално ниво.Активности:
А1. Родово буџетска анализа на Програмата за социјална заштитаОчекуван резултат: Изработка на нацрт родово буџетски анализи во кои ќе бидат детектирани родовите јазови и ќе се концепираат препораки за подобрување на услугите од социјална заштита кои на подолг рок ќе допринесат кон родовата еднаквост и еднаквите можности на жените и мажите на локално ниво, а воедно ќе влијаат и за подобрување на степенот на вклучување на родовата перспектива во планирањето и буџетирањето на избраните програми
А2. Родово буџетска анализа на програмата за еднакви можности 2022
Очекуван резултат: Изработка на родово буџетска анализа на дадената програма како основа за подготовка на родово буџетска иницијатива
А3 Теренско истражување
Очекуван резултат: Во рамките на теренското истражување ќе се организираат средби/интервјуа со целните групи и корисниците предвидени и во двете програми. Ќе бидат одржани минимум 10 средби во општината, како и интервјуа со 50 граѓани кои ќе бидат идентификувани при средбите /посетите на општината.
А 4. Подготовка на родово буџетски иницијативи
Очекуван резултат: Вклучување на родовата перспектива во процесот на креирање на локални програми и рабивање на митот дека за тоа се потребни дополнителни средства. Со оваа активност ќе покажеме дека со мали промени на перспективата и начинот на кој се идентификуваат приоритетите може д а се постигнат долгорочни и одржливи резултати
А5. Застапување за промени
Очекуван резултат: усвојување на предлог иницијативи односно барем по една мерка во секоја програма
А6. Мониторинг на имплементација
Очекуван резултат: Подготвен мониторинг план кој ќе им биде предложен на одговорните лица за реализација на програмите
Родова еднаквост во социјалната заштита на Општина Вевчани
Родово одговорно буџетирање во Општина Вевчани
Анализа на трошоци на буџетски иницијативи за Општина Вевчани
Побарајте нè и на: