Светското наследство во рацете на младите-ИПА Прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија

За проектот:
Главната цел на проектот е средношколците од Албанија и Македонија да научат да ги ценат различностите и да го заштитуваат светското и националното културно и природно наследство; а професорите да се спремни за да ја зајакнат меѓукултурната соработка и разбирање помеѓу учениците. Посебни цели на проектот се да се воспостави и поддржи заедничка акција меѓу Македонија и Албанија при имплементација на Образовната програма за светско наследство на УНЕСКО во избраните училишта, со активности базирани на Прирачникот за наставници – „Светското наследство во рацете на младите“. Проектот ќе има влијание врз двете вклучени страни, поточно во Регионот на Корча во Албанија и во Југозападниот и Полошкиот Регион во Македонија.
Засегнати страни и чинители:
„Уне, груаја“ од Поградец и ЛАР од Струга се водечки партнери во проектот, а останати чинители се УНЕСКО-Проектна Канцеларија од Скопје и УНЕСКО-Канцеларија од Венеција, Министерство за Образование и Наука, Центар за стручно образование и обука Скопје, средни училишта од Струга, Охрид, Тетово, Поградец и Корча.
Временска рамка:
15 Декември 2013 – 15 Декември 2014
Резултати:
  • Воспоставени односи помеѓу партнерските организации и средните училишта од Македонија и Албанија;
  • Обучени 40 професори од десет средни стручни училишта за предавање на наставната програма од предметот „Светското наследство во рацете на младите“;
  • Развиена тренинг програма за предметот „Светското наследство во рацете на младите“ и специфичните теми од Прирачникот, како на пример интернационалните конвенции, идентитетот и културата на мирот, одржливиот развој и туризмот;
  • Одржан Младински камп на тема Заштита на природно и културно наследство со 90 учесници. Учениците од двете земји преку обуки и дружење учеа како да ја ценат културата во сите нејзини форми, материјални и нематеријални, и како да ги разберат културните и историските сличности што ги делат со нивните соседи;
  • Изработен видео спот и промотивни материјали за афирмација на природното и културното наследство од пограничниот регион;
  • Учениците, во нивните училишта и заедници, учествуваа во образовни активности на тема културното наследство. Учениците учеа за историјата и традицијата на нивната и на другите култури, за екологијата и за важноста од заштита на биодиверзитетот.
Поддржано од:








Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам