Единство во различноста
За проектот:
Целта на овој проект е да се зајакне меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу граѓаните во Струга. Во таа насока беа организирани јавни дебати на кои граѓаните отворено разговараа на различни теми поврзани со традицијата, предрасудите и верската толеранција. Понатаму, на граѓаните им беше овозможено да ги продолжат дискусиите на подлабоко ниво на меѓу-генерацискиот камп каде имаа обуки и беа поттикнувани да превземат одговорност за сопствените животи и да претставуваат позитивни примери во нивните заедници. На крајот беа организирани два културно-забавни настани во два познати кафе-барови во Струга каде беа изложени фотографиите од фото конкурсот чија цел беше да се прикажат предностите на живеењето во една мешана етничка средина.
Временска рамка:
Октомври 2010 – Март 2011
Соработници:
НВО „Еко-Вел“
Резултати:
Развиени и имплементирани:
- Организирани 4 јавни дебати со над 170 учесници од различна етничка припадност и професии.
- Комисијата за односи меѓу заедниците е поактивна и потранспарентна во нивната работа. Преку дебатите, членовите на Комисијата ќе ја увидат важноста на вклучувањето на граѓаните во меѓуетничкиот дијалог и ќе продолжат редовно да организираат јавни дебати.
- Организиран 5 дневен меѓу-генерациски камп со 25 учесници од факултетите, граѓанскиот и бизнис секторот.
- Организиран натпревар за најдобра фотографија „Единство Во Различноста – Струга“ и изложени 30 фотографии на најфреквентните места во Струга.
- Организирани два културни настани со музика и фото-изложба во соработка со локалните компании.
Поддржано од:
УНДП – како дел од заедничката програма на Обединетите Нации за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка
Види фотографии тука
Побарајте нè и на: