ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии - ПРОСПЕР
Наслов на проектот:
ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии - ПРОСПЕРЗа проектот:
PROSPER има за цел да предизвика промени и иновации фокусирајќи се на прашањата за преиспитување на одржливоста на уметнички резиденции и реконтекстуализација на перифериите како простори на раст и развој, како и создавање врски помеѓу организации од културниот и туристичкиот сектор.Перифериите се места на солидарност кои партнерите во PROSPER имаат за цел да ги истражат преку создавање врски помеѓу еколошки ранливите региони, преку серија транснационални културни соработки.
Главните приоритети се да се ангажираат уметници и локални заедници во два региони со големо еколошки значење; поточно островот Евиа во Грција кој претрпе деструктивни шумски пожари во 2021 година и Охридското Езеро во Република Северна Македонија, кое претрпе деградација поради човечка активност загрозувајќи го неговото ендемско значење. Двата региона се погодени од КОВИД, каде што работниците од областите на културата и туризмот бараат начин кон одржлива и инклузивна иднина.
Локација:
Охрид, Берлин, Евиа, Белград, Скопје, АтинаВременска рамка:
Април 2023 – Септември 2025Партнери на проектот:
Носител на проектот:LOOP ASTIKI MI KERDOSKOPIKI ETAIREIA (LOOP), Атина, Грција
Партнери на проектот:
EHO ANIMATO (EHO ANIMATO), Белград, Србија
KULTUR NEUDENKEN UG (Oyoun), Берлин, Германија
ZDRUZENIE LOKALNA AGENCIJA ZA RAZVOJ STRUGA (STRUGA), Струга, Северна Македонија
Главни цели:
#1 Придонес кон развојот на модели на транснационална соработка кои ќе овозможат посилни врски меѓу европските уметници и организации, разновидна публика која вклучува локални заедници и сектори за одржлив културен туризам; како и подобрување на оперативните капацитети за управување со проекти водени од различни организации во развој.#2 Зајакнување на меѓународната културна соработка, методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничката практика, посилна соработка помеѓу уметноста и туризмот, нова локална публика, видливост на европските уметници и посилни капацитети за дополнителни проекти кои овозможуваат одржливо и инклузивното менаџирање.
Активности:
ЛАР претставува партнер преку кои уметниците остваруваат поврзување со туристичкиот сектор и локалната заедница, претежно во и околу Охрид, со цел да се создаде корисен оджлив прототип за резиденции кои ќе бидат корисни и за уметници и за локалната заедница.Една од главните активности на проектот, уметничката резиденција која треба да послужи како прототип за одржливи резиденции, се одржува во Охрид со цел да се воспостават релации помеѓу групата странски уметници одбрани на јавен повик и локалната уметничка сцена и туристичките работници кои се занимаваат со одржлив туризам. За таа цел за време на 30 дневниот престој на уметниците ќе бидат организирани: 4 средби со локални уметници со цел нивно запозанавање со локалното творештво, 4 огранизирани прошетки со локални водичи и експерти од областа на културата, уметноста и екосистемот на Охридското Езеро и еден заеднички настан на вмрежување со локалната уметничка заедница. Резиденцијата завршува со еднодневен фестивал на кој е предвидено заедничко учество/претставување на локалните уметници и партиципиентите на резиденцијата.
Главната цел на проектот е создавање на одржлив прототип чија што цел е да биде применлив за други оргазнизации надвор од проектот. Со цел тој да биде достапен за јавноста и за релевантните чинители предвидено е негова е – публикација и споделување на дигиталните платформи на проектот како и нивно директно споделување како модел за понатамошен развој и употреба.
Резултати:
- Подигање на свеста за еколошките предизвици во Охридското Езеро и островот Евиа на локално и меѓународно ниво.
- Создавање на Прототип на одржливи резиденции дизајниран и дисеминиран преку изложба и е-публикација.
- Анимирање на локалната заедница во области каде културата е помалку застапена и нејзинот вклучување во активностите.
- Засилување на комуникацијата меѓу културните и туристичките организации.
- Зголемување на менаџерските капацитети на партнерските организации.
Поддржан од:
Креативна Европа – Култура (2021 – 2027)Министерство за Култура - Македонија
![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | |
![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ||||
Побарајте нè и на: