Студија за Голф терен
За проектот:
Изградбата на игралишта за голф во светот се јавува како инвестиционен проект кој го преземаат приватни инвеститори, општински власти, комбинирано приватниот и јавниот сектор, како и во некои други облици на сопственост (воени игралишта, хотелски игралишта, клубови со затворено членство). Целта на проектот е да се даде иницијална претстава за општествената прифатливост на реализација на ваков вид проект и имајќи ги во предвид резултатите од анализата, да се дадат препораки на локалните власти за можни идни правци на акција, пред сè, како различни облици на партнерство меѓу различните релевантни чинители, а со цел да се извлече максимален ефект за заедницата.Временска рамка:
2005-2006Соработници:
Општина Струга, jавни институции, бизнис секторРезултати:
- Анализа/опис на потенцијалот за реализација терен за голф во општина Струга
- Оценка на очекуваните пошироки општествени ефекти и ефекти врз животната средина, како и на останатите потенцијални ефекти
- Квалитативна кост бенефит анализа за модел на терен за голф во општина Струга
- Анализа на ризичните фактори
Материјали за преземање:
Квалитативна Кост Бенефит Анализа за модел на терен за голф во Општина СтругаПоддржано од:

![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ||
Побарајте нè и на: