Меѓународен кошаркарски камп, Црна Гора

За проектот:
Локалните жители во Струга, во последните неколку години се сведоци на меѓуетничките тензии, кои стигнале до тој степен каде што повеќе не е можно да се комуницира нормално со "другите". Иако вештачки создадени , овие бариери успеаја да создадат предрасуди за "другите" кои во минатото не постоеле . Локалните институции не успееја да се справат со овој предизвик, а јазот меѓу двете најголеми етнички групи се повеќе се зголемува. Со младите луѓе, како особено ранлива група беше лесно да се манипулира и се искористија како алатка за продлабочување на конфликтите . Главна цел на проектот е да им даде можност и да ги инспирира младите од различни етнички групи од општина Струга да соработуваат на заеднички активности и да ги развиваат лидерските и комуникациските вештини.
Временска рамка:
Јули – Септември 2011
Соработници:
Младински Кошаркарски Клубови „Струга 2009“ и „Црн Дрим“ од Струга
Резултати:
  • 8 млади од 16-18 години учествуваа на интернационален кошаркарски камп во Црна Гора во месец август 2011
  • Дизајниран и објавен видео спот за кошаркарската екипа од Македонија
  • 20 млади присуствуваа на обуки за лидерски и комуникациски вештини
Поддржано од:

Види фотографии тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам