Чекор кон родовата еднаквост

За проектот:
Општествата во кои демократијата почнала да се развива од порано, и каде жените и мажите имаат еднакви можности имаат постигнато многу поголем развој од оние каде сеуште владее патријархален систем. Во Македонија како едно патријархално општество е од суштинска важност е да се поддржат жените и да се зајакнат нивните капацитети. Целта на овој проект е токму таа: да им се помогне на жените да бидат поактивни во реализирањето на нивните права на локално и национално ниво и да допринесат за развој на заедницата. Преку женските форуми, обуките и конференциите, ќе се актуелизира темата за родовата еднаквост меѓу различните локални институции и женските организации. Невработените и сиромашни жени се една од целните групи на кои преку активностите ќе им се овозможи пристап до бесплатни советувања со стручни лица во различни сфери. Дел од тренинзите ќе бидат наменети за да им се помогне на жените да го зголемат нивниот економски потенцијал и да развијат бизнис идеи.
Временска рамка:
јануари 2009 – мај 2010
Соработници:
НВО „Синиот проект“-Охрид, центрите за социјални работи, подрачните министерства за внатрешни работи, основните судови, локалните медиуми, комисиите за еднакви можности од Охрид и Струга
Резултати:
  • Спроведена кампања ( брошури, флаери, месечни информатори, ТВ интервјуа)
  • Формирани два женски форуми во Охрид и Струга и организирани месечни дискусии  на разни теми
  • Изработена и објавена студија за родовата еднаквост во Охрид и Струга
  • Организирани 2 конференции и 8 обуки
  • Доставен акциски план за родова еднаквост до локалните власти
Материјали за преземање:
Студија - "Чекор кон родовата еднаквост"
Поддржано од: Европска Унија

Види фотографии тука

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам