Поставување мапи во општините од Охридско Преспанскиот регион

За проектот:
Општините Струга, Вевчани, Дебарца и Ресен имаат големи можности за развој на одржливи форми на туризам (еколошки, културен, селски, религиозен, археолошки и сл.) со нивната добра местоположба, богато културно наследство, природни ресурси и пријатна клима. Но, моментално, повеќето туристи кои ги посетуваат овие општини не се запознати со сите места вредни да се посетат во овој регион, бидејќи нема јавни мапи кои би ги информирале. За овие скриени места да станат достапни за секој заинтересиран турист, сметаме дека е од голема важност да се постават мапи на централните места влезови/излези во/од овие општини.
Временска рамка:
Декември 2007
Соработници:
Општините на Струга, Вевчани, Ресен и Дебарца
Резултати:
  • Дизајнирани, испечатени и поставени вкупно 22 мапи во избраните општини ( 10 во Струга, 6 во Ресен, 3 во Дебарца и 3 во Вевчани)
  • Детален опис на места интересни за туристите во избраните општини
  • Зголемен број на посетители во руралните делови од регионот
  • Промовиран регонот како прекрасно место за одмор
Поддржано од:

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам