Грант програма

"Партнерства за одржливи заедници"

Главната цел на Грант програмата е да го подобри процесот на децентрализација преку партиципативен пристап и зајакнување на локални партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор во Општина Струга.
Во рамките на оваа програма беа финансирани 9 проекти со финансиска поддршка помеѓу 5000$ и 15000$. Проектите беа имплементирани во следните области: економска, социјална, културна, урбана и еколошка област. Приоритет беше даден на проекти кои беа имплементирани во партнерство: НВО – Општина, НВО – приватни компании, НВО – Општина – приватна компанија, Општина – приватна компанија итн.
Секој од партнерите беше обврзан да обезбеди најмалку 20% сопствено учество.
Изборот беше направен во 3 фази, вклучувајќи и локална евалуациона комисија која ја сочинуваа претставници од јавниот и приватниот сектор.

Поддржано од UNDP
UNDP Logo

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам