Посвојте парк

За проектот:
Целта на проектот е да ја зголеми свесноста помеѓу младите луѓе за предизвиците во сферата на заштита на животната средина во Македонија; да го зголеми нивото на лична одговорност кај младите луѓе и локалните бизниси; и да ја разубави урбаната средина со конкретни еко акции. Проектот ќе биде имплементиран во 3 фази: организирање Зелена Академија – обуки за заштита на животната средина; создавање 5 урбани паркови во Општина Струга; организирање на промотивен настан „Зелен Саем“.
Временска рамка:
Aвгуст 2012 – Aвгуст 2013
Соработници:
U.S. State Alumni од Македонија, локални средни училишта од Струга
Активности:
Организирање на 3 месечна „Зелена Академија“ за 5 средни училишта. Од секое училиште ќе бидат одбрани по 15-20 млади кои ќе бидат тим за имплементација на активностите од проектот. Преку Зелената Академија, учесниците на обуките ќе се здобијат со практични и теоретски знаења од следниве теми: заштита на животна средина, климатски промени, енергетска ефикасност, пермакултура, градинарство, шуми, загадување на почва, вода и воздух, управување со отпад и улогата на граѓаните.
Поддржано од:


Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам