„Театар на потчинети“ - образовна алатка за промена во однесувањата
За проектот:
Благосостојбата на општеството зависи од благосостојбата во семејствата. Принципите врз кои се базираат семејните односи, неминовно се рефлектираат во целото општество. Децата кои растат во една здрава средина каде меѓу родителите има почитување, љубов и соработка, продолжуваат да ги применуват овие вредности и надвор од нивниот дом. Спротивно на ова, децата кои се сведоци на семејно насилство подоцна можат да станат насилници или да ја прифатат како нормална улогата на жртва. Младите најчесто не го препознаваат и дефинираат семејното насилство како негативна појава, бидејќи насилството е сеуште табу-тема за која не се зборува. Целта на проектот е да ги научи младите како да ги препознаваат и како ефикасно да се справат со негативните однесувања во семејството. Целна група се млади од 14-18 години од општините Струга, Охрид и Вевчани.
Временска рамка:
септември 2009 – декември 2010
Соработници:
Организација на жени од Струга, Црвен Крст - Охрид
Резултати:
- Формирани координативни тела против семејно насилство во Охрид, Струга и Вевчани со претставници од релевантните локални институции, потпишани Меморандуми за соработка
- Спроведени Форум театар работилници преку кои младите ги совладаа основните театарски техники, ги препознаа негативните стереотипи и конфликтните ситуации во семејството
- Родителите и претставниците од институциите преку театарската претстава имаа прилика да видат како младите го доживуваат семејното насилство и ги препознаа улогите на насилник и жртва
- Промотивна кампања под мотото „ Не дозволувај насилството да биде дел од твоето семејство“
Поддржано од:
Види фотографии тука
Побарајте нè и на: