ЛАР ментор на четири граѓански организации
Локалната Агенција за Развој, Струга преку програмата на ТАКСО –Градење капацитет на граѓанското општество во ИПА земјите –фаза II, е Ментор организација и преку подучување, консултантска поддршка, работилници и обуки ги развива капацитетите на четири граѓански организации:
• ЗГ Центар за развој и унапредување на јавниот живот,Тетово
• Стопанска комора на Македонија -Регионална комора, Охрид
• Здружение на граѓани за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21,Ресен
• Центар за помош и интегрирање на недоволно развиените и развиените подрачја во граѓанското општество, Кичево
Во првата фаза ЛАР Струга на избраните организации им ја понуди својата менторска поддршка при процесот на спроведување организациска самопроценка.
Во периодот од септември до декември 2012 менторска поддршка ќе се состои во реализација на Планот за градење капацитети преку семинари,обуки и подучување.
Види фотографии тука
![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | |
Побарајте нè и на: