Каква е мојата општина?
За проектот:
ЛАР Струга е ангажирана како истражувач во Општините Струга и Охрид за имплементација на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси“, финансиски поддржан од Европската Комисија преку програмата IPA Civil Society Facility, а реализиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).Доброто владеење на локално ниво значи стручно управување со ресурсите на една општина на транспарентен и отворен начин којшто одговара на потребите на граѓаните. Ова значи отсуство на секаква злоупотреба или корупција и целосна примена на владеењето на правото.
Гледиштето на граѓаните за корупцијата и конфликтот на интереси во локалната самоуправа, нивното искуство и нивните предлози за спроведување на антикоруптивни мерки на локално ниво ќе бидат главен предмет на нашето истражување.
Освен мислењето на граѓаните, во истражувањето ќе се опфатат и самите локални самоуправи односно колку истите се транспарентни и отчетни пред граѓаните.
Очекувани резултати:
Извештајот ќе има за цел да ги покаже моменталните состојби со корупцијата и конфликтот на интереси на локално ниво и да ја поттикне свесноста на граѓаните колку општинските власти се корумпирани како и да ги поттикне во иднина да влијаат врз овие состојби преку законските механизми кои им се достапни.Препораките кои ќе бидат извлечени како заклучок на самиот извештај ќе треба да ги поттикне општините Охрид и Струга, во иднина да спроведуваат подобри практики во антикоруптивно работење на јавната администрација на сите полиња од нејзиното делување.
Временска рамка:
Јули 2014 – Ноември 2014 годинаМатеријали за преземање:

За повеќе информации погледнете на следниов линк:
http://www.idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/mrezha-za-sprechuvanje-na-konflikt-na-interesi/463-2014-02-12-09-47-12

Побарајте нè и на: