Струшки амбиент
СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА
Еден до друг не деградигајќи се меѓусебно живеат во извонредна хармонија објектите кои и припаѓаат на градската фолклорна архитектура.
За постоењето на овој град зборуваат многубројните цркви, базилики, висечки мостови, калдрми од кои голем број за жал ги прегазило времето и ги нема повеќе, а додека оние кои успеале да го прегазат времето ден денес претставуваат гордост на Стружани и сведоштво на се она што се случувало низ историјата.
Архитектурата на 19 век и почетокот на 20 век можеме да ја забележиме во струшките куќи. Според надворешниот изглед куќите се ненадминливи, затоа што фасадите биле градени без многу декоративни елементи. Таваните се украсени со длабока резба што им дава посебно убав изглед. Најголем број од куќите се одликуваат со својата складна архитектура и правилен распоред на просториите. Најмногу куќи од овој период со соодветна архитектура сочувани се во улиците: Гоце Делчев, Нико Нестор, Браќа Миладиновци и др.
Kaко обележје на секој град е културата и нејзината традиција, тогаш Стружани можат да се пофалат со старите занаети.
Голем број од старите занаети се зачувани во Струга. Оние кои ја продолжиле занаетчиската дејност, работат во дуќаните на своите прадедовци во старата чаршија. Останала старата традиционална изработка на сребрен накит, охридските бисери, рачната изработка на филиграни, старинското ткаењето на разбој, резбата во дрво и многу многу други занаети кои се обележје на ова поднебје и преставуваат гордост на стружани.
Побарајте нè и на: