Декада на припадност – Славење на различностите (во тек)

За проектот
Заедниците во југозападниот регион се поделени по меѓуетничка основа и ретки се можностите да се развие искрена комуникација и да се врати взаемната доверба.Младите луѓе учат во различни смени и училишта и не се дружат, и неможат да разговараат меѓусебно, бидејќи не го разбираат јазикот на другите етнички групи. Граѓанскиот сектор во југозападна Македонија е слаб и исто така поделен по етничка основа. Мулти-секторските локални партнерства и коалиции каде граќанските организации може да се спојат со јавниот и приватниот сектор се ретки во регионот.

Основни податоци:
Времетраење: Јануари 2016 – Јануари 2019
Локација: Југозападен регион: Струга, Дебар, Вевчани Охрид, Дебарца и Кичево
Проектен тим:
Локална Агенција за Развој од Струга
Здружение на граѓани „Креативни и Активни“ од Струга
Корисници: граѓаните, бизнис заедницата, локалните власти, граѓанските здруженија

Цели на проектот:

Главна цел: Да се придонесе кон подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион преку зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор и комисиите за односи меѓу заедниците.

Специфични цели:

  • Да се подобри социјализацијата и дијалогот помеѓу раличните етнички групи преку заеднички активности во различни сфери од јавното живеење
  • Да се зајакне улогата на Комисиите за односи меѓу заедниците во локалната самоуправа и со тоа да се запознаат граѓаните
  • Да се зголеми ефективноста и влијанието на граѓанските организации во регионот

Проектни активности:
1.1 Основање на Друштвен Клуб „Комбинати“ ; 1.2 Основање Советодавен Одбор; 1.3 Реализација на најмалку 10 локални иницијативи; 1.4. Споделување и примена на добри пракси од други организации;
2.1 Истражување на јавното мнение за перцепцијата на Охридскиот Рамковен Договор помеѓу граѓаните во Југозападниот Регион; 2.2 Презентација на резултатите од истражувањето преку јавни настани;
3.1 Отпочнување на Програмата за ре-грантирање „Партнерства за одржливи заедници“; 3.2 Проценка на потреби и испорака на обуки за избраните граѓански организации
4.1 Евалуација, планови за продолжување на актиностите, презентација на добри практики

Очекувани резултати:

  1. Граѓаните и заедниците подобро соработуваат и комуницираат едни со други иако се од различни етнички групи
  2. Комисиите за односи меѓу заедниците покажуваат проактивно лидерство во локалните одлучувачки процеси и придонесуваат кон подобрена интеракција помеѓу заедниците
  3. Граѓанските организации се зајакнати и градат стратешки партнерства, се вклучуваат во процесот на создавање доверба помеѓу заедниците; Изградени одржливи разнообразни и креативни алијанси помеѓу политичарите, бизнисите и граѓанскиот сектор со цел создавање инклузивни мулти-етнички општества

Поддржано од:
Проектот е финансиран од Европска Унија



Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам