Сино и зелено наспроти црно и сиво

За проектот
Локалната агенција за развој,Струга во соработка со партнерите “EuroPartners Development” од Албанија го спроведува проектот “Сино и зелено наспроти црно и сиво” од ИПА Прекуграничната соработка помегу Македонија и Албанија. Главната цел на проектот е да помогне во ефективна и одговорна употреба на природните ресурси во прекуграничното подрачје на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот. Целта на оваа прекугранична иницијатива ќе биде исполнета преку соработка на граѓанските организации и најважните засегнати чинители од двете земји. Потесна цел на проектот е подигнување на свеста и стекнување знаења на локалните чинители и засегнатите страни и да придонесе кон намалување на проблемите кои го загрозуваат Охридското Езеро заради неодржливо користење и управување со природните ресурси.
Засегнати страни и чинители
Заедници во прекуграничното подрачје на Охридското Езеро, а особено земјоделци и жители на 4 села во Македонија: Велгошти, Велешта, Косел и Лабуништа со вкупно 14 000 жители и 4 села во Албанија со вкупно 12 000 жители; локални претставници од надлежни институции од областите: животна средина, шумарство, земјоделство и управување со води; граѓански организации.
Придружни членки:
  • Движење на екологистите на Македонија (ДЕМ) Скопје;
  • Општина Охрид, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина;
  • Здружение “Treefor“ – Скопје;
  • Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) подрачна единица Охрид
  • “Eco Partners for Sustainable Development” Албанија
Временска рамка:
Септември 2013 – Мај 2015
Проектни резултати
  • Формирање Еко-инкубатор и организирање едукативни настани;
  • Теренско и архивско истражување за управувањето со шумите, водите и земјоделието во прекуграничниот регион;
  • Продукција на 3 кратки филма приспособени за млади луѓе за следните теми: последици од дива шумска сеча, примена на одржливи земјоделски практики, одржлива употреба на водните ресурси и управување со шумите;
  • Изработка на промотивни материјали за најдобри практики во управување со природните ресурси;
  • Одржување тематски тренинг курсеви во областа на оддржливо искористување на природните ресурси;
  • Воспоставување и почеток со работа на 2 Локални советодавни групи за животна средина
  • Организирање студиски посети во Македонија во Албанија
Поддржано од


За повеќе посетете ја официјалната веб страна www.bg-bg.org




Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам