Македонско – албанска младинска соработка
За проектот:
Локалната агенција за развој од Струга во соработка со СОУ Д-р Ибрахим Темо од мај 2010 година ги реализира проектните активности од проектот Македонско-Албанска младинска соработка.Програмата за животни вештини ќе биде основа на проектот и ќе се фокусира на зголемување на самодовербата, критичко размислување и способност за решавање на проблеми. Ќе се користи искуствено учење каде младите ќе бидат вклучени на активен начин. Преку искусни предавачи, младите полесно ќе стигнат до одговор на прашањата:
- Кој сум јас и што можам да направам?
- Кои се моите лични, семејни и општествени вредности?
- Како да комуницирам со други луѓе?
- Какви се моите односи со другите?
- Што значи заедницата за мене?
- Кои се моите цели?
- Како можам да донесам добри одлуки?
- Кои се стереотипи и родовите улоги?
- Како да се справам со предрасудите?
- Како се решаваат конфликтните ситуации?
Преку фото работилниците учениците ќе ги совладаат основните вештини на професионално фотографирање и ќе се здобијат со знаења од историјата на фотографирањето.
Временска рамка:
мај 2010 – јуни 2011Соработници:
Средно училиште “Д-р Ибрахим Темо”, СтругаРезултати:
Развиени и имплементирани:- Програма за животни вештини
- Обука Млади на Млади
- Креативни Работилници
- Меѓукултурни сесии
- Рекреативни активности
- Курсеви за општествена одговорност
- Мали локални акции
- Воспоставување на младински меѓукултурни тимови
- Фото работилници
Поддржано од:

![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | |
![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | |
Побарајте нè и на: