Стандарди за мерење на европскиот туризам: трендови и перспективи
Студијата на тема "Стандарди за мерење на европскиот туризам: трендови и перспективи", која се фокусира на тековните трендови и предизвици во секторот туризам. Потврдено е дека политиката на туризмот стана важен двигател за одржливите економски политики како во развиените земји, така и во земјите во развој, што доведува до забрзан раст на економијата. Оваа студија се креираше во периодот од 15.08.2018 година до 15.02.2019 година.
Резултатите од студијата укажуваат дека владите на земјите во развој треба да се фокусираат на промовирање на туризмот како потенцијален извор на економски раст. Оваа студија, исто така укажува на тоа дека европските трендови и политики во областа на туризмот треба да се спроведат во Северна Македонија и Албанија, не само за зголемување на економскиот раст, вработувањето, културната и еколошка заштита, заштитата на културното наследство, но исто така и за зголемување на прекуграничната соработка.
Активноста се спроведуваше во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку
Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Photo by monicore from Pexels

Побарајте нè и на: