Студија за културното и природното наследство во прекуграничниот регион за соработка

Во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година беше направена „Студија за културното и природното наследство во прекуграничниот регион за соработка“која се фокусира на потенцијалите и можностите за туристички разој во целниот прекуграничен регион. Студијата ја анализира моменталната состојба на културното богатство, неговата достапност, природното богатство и можностите за туризам, културните разлики и ги валоризира туристичките ресурси во регионот, од аспект на туризам.
Студијата укажува на тоа кои бројни ресурси во регионот можат да се искористат во функција на туризмот. Одредени се само ресурсите кои имаат соодветен атрактивен потенцијал, кои се поврзани со сообраќај и кои овозможуваат извршување на соодветни активности. Заклучокот е дека одржливиот развој на туризмот мора да се прави преку одржлив развој на културно и природно богатство, како одделни туристички ресурси, со цел да се избегне нивно уништување, деградација, распаѓање и загуба.

Активноста се спроведуваше во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија


Photo by Ljupco Dzambazovski from Pexels

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам