Студија за одржливоста на туризмот во прекуграничниот регион

Една од направените студии, која беше имплементирана во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година, е „Студија за одржливоста на туризмот во прекуграничниот регион“, која се фокусира на влијанието на туризмот врз одржливоста од една страна и можностите да се користат одржливите практики во туристичките активности од друга страна. Управувањето со одржливи дестинации е пресудно за развојот на туризмот, особено преку ефективното просторно планирање, планирањето на користењето на земјиште и преку одлуки за инвестирање во инфраструктура и услуги.
Според нашето истражување и извршените теренски анкети во двете земји, социјалниот начин на размислување, институциите и системите за јавна администрација на туристичките дестинации можат да не бидат подготвени за брзите промени во начинот на кој туризмот ќе се развива. Многу локални туристички бизнис оператори имаат многу ограничено мислење за потребите и желбите на патниците и очекувањата на интернационалните тур оператори. Земјите во регионот мора да воспостават ефективна соработка, за да развијат заеднички туристички производи (прекугранични траси, заеднички теми, заеднички атракции итн.), да ги исполнат автентичните регионали искуства и да ги продаваат како една дестинација со цел да функционираат како една интегрирана дестинација за патувања (како што често се посакува од перспектива на побарувачката).

Активноста се спроведуваше во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија


Source: pixabay.com

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам