Европскиот Систем за Индикатори во Туризмот (ЕТИС)
Во рамките на оваа активност, која започна на 30.11.2018 година и траеше се до 15.04.2018 година на релевантните засегнати страни од прекуграничниот регион им беа поделени прашањата за Европскиот Систем за Индикатори во Туризамот за Одржлива Дестинација-EТИС (прашања кои се однесуваат на посетител, резидент, управување со дестинација и за компании).
Иновативниот аспект на методологијата на компонентите на Истражување и Развој (Р&Д) е употребата на Европскиот Систем за Индикатори во Туризмот (ЕТИС). За прв пат беше направен обид за употреба во прекуграничниот регион. Употребата на ЕТИС во овој проект обезбеди алатка за мерење и следење на туристичките дестинации во прекуграничниот регион и поддршка на корисниците за време на обуките и упатство за усвојување на поинтелигентен пристап во планирањето на туризмот (вклучувајќи процес и методологија) и пристап на одржливо управување и подобрување на нивните одржливи перформанси.
Активноста се спроведуваше во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку
Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Photo by Lukas from Pexels

Побарајте нè и на: