Креирани прашалници за одржлив туризам

Во рамките на оваа активност која започна да се имплеменира на 15.03.2018 до 31.07.2018, се креираа 5 прашалници за одржлив туризам, културно и природно наследство, туристички потенцијал, профил на туристи и маркет сегментација на 3 јазици (македонски, албански, англиски). Секој прашалник беше наменет за специфична целна група и со специфична цел. Сите прашалници имаа отворени и затворени прашања (со еден одговор или повеќекратен избор) и беа специфично направени за целите на проектот, имајќи ги предвид специфичните карактеристики на регионот на прекугранична соработка и последните трендови во туризмот и најдобрите практики.

Активноста се спроведуваше во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Побарајте нè и на:

EU for You EU for You

Кампања

Паметен Туризам