Студиска посета на жените од Струга на другата страна од езерото
Жените учеснички на првиот циклус обуки од Струга направија еднодневна студиска посета кај нивните соседи од Поградец. Жените од Албанија организираа туристичко разгледување на Поградец, го посетивме и новиот и стариот дел од градот. Турата беше организирана по завршениот втор циклус обуки за невработени жени од регионот и ја водеа 30 девојки - учеснички на циклусот. „Да го истражиме Поградец“ или „Разгледување на Поградец“ вклучи, исто така, кратка презентација од страна на девојките учеснички на циклусот обуки за нивните стекнати знаења и новите и креативни идеи развиени во текот на обуките. Тие имаа подготвено тури за странци и лифлети за промоција на културната традиција и наследство од регионот претставувајќи го нивниот национален идентитет. Не поделија на две групи и ни ги покажаа историските и културните вредности на Поградец. Додека девојките се запознаваа со културата, тие дејствува како катализатор за социјална интеграција и добрососедски односи во пограничниот регион. Поканети да учествуваат во турата беа соработници во проектот, засегнати страни, заинтересирани граѓани и локални медиуми, ТВ и весници Nositi SOT7 кои одиграа важна улога во видливоста на проектот. На настанот присуствуваше г-ѓа Андреа Чалупова, претставник на Делегацијата на Европската комисија во Албанија.
Овој настан беше одлична можност за воспоставување нови контакти и пријателства и размена на искуства помеѓу жените од прекуграничниот регион.
Активноста е дел од проектот „Жените преминуваат граница за промени“ поддржан од Европската унија, а имплементиран од ЛАР Струга и Уне Груаја Поградец.



Побарајте нè и на: