ЛАР Кошаркарски клуб и Македонската кошаркарска репрезентација на посета кај амбасадорот Волерс
Младите кошаркари од кошаркарскиот клуб ЛАР Струга беа свечено пречекани од страна на американскиот амбасадор, г-динот Пол Д. Волерс, во просториите на Американската амбасада во Скопје. На свечениот прием присуствуваа и членовите на македонската кошаркарска репрезентација по повод нивниот голем успех –високото четврто место на неодамна завршеното европско кошаркарско првенство во Литванија.
ЛАР Младинскиот кошаркарски клуб од Струга, со донација од Американската амбасада, во јули оваа година учествуваше на меѓународен кошаркарски камп во Црна Гора. Младите кошаркари се вратија со извонредни впечатоци и беа многу горди што врвни кошаркарски имиња споделија искуства од нивната кариера со нив. Амбасадорот ги поздрави младите кошаркарски ентузијасти и им ја овозможи оваа средба со членовите на македонската кошаркарска репрезентација.
„Тимот ја инспирираше целата нација, особено со начинот на кој се издигнуваше на шампионатот. Македонците од овој тим, без разлика дали се од Струмица, Кочани, Кавадарци, Скопје или пак од Њу Орлеанс се обединија и одиграа за Македонија. Вработените во амбасадата, како и цела Македонија во последниве неколку недели лудува по кошаркарската репрезентација. Сигурен сум дека вие го привлековте вниманието на голем број Европејци, особено на Хрватите, Грците, Грузијците, Финците, Словенците и Литванците“, рече амбасадорот Волерс, кој и самиот, додека им се обраќаше на своите гости, околу вратот носеше навивачки шал на кој пишуваше Македонија
Побарајте нè и на: