25-28.07.2011 Мултиетнички Арт Камп
Од Струга си или околината. Уметник си. Изведувач или поседуваш желба и афинитети за изведувачките уметности. Би поминал дел од својот летен одмор опкружен со свои истомисленици, во одличен амбиент и можност за уметничка тренинг наобразба.
Ако го препозна овде својот профил, тогаш Локалната агенција за развој Струга, во рамките на проектот „Различноста – мост, а не бариера“, те кани да се пријавиш за учество на првиот Мултиетнички aрт камп кој ќе се одржи во Крушево од 25 до 28 јули.
Тренинзи за физички театар, танцови движења, работа со режисер, обуки за сценски настап, слем поезија, тренинг за oрганизирање на поетски настан, креативни брејнсторминзи, подготовка на претстава. И згора над се, одлично сместување со полн пансион во прекрасен амбиент за време на манифестацијата Етно град во Крушево!
- А, што викаш?! Доаѓаш?
- ДА!
Пополни ја апликацијата на следниов линк:
Аплицирајте тука
најдоцна до 17 јули 2011.
Побрзај! Те очекуваме!
Со почит,
Локална агенција за развој.
![]() |
![]() |
![]() |
Мултиетничкиот арт камп е во рамките на проектот „Различноста – мост, а не бариера“ поддржан од страна на Центарот за институционален развој ЦИРА во рамки на програмата CIVICA Mobilitas.
![]() |
![]() |
![]() |
Побарајте нè и на: