"И старите можат"
За проектот:
Целната група на проектот беа возрасни лица над 60 години од општините Охрид и Струга. Овие лица живеат сами или со фамилиите во семејните куќи. Нивната социјализација е ограничена на поблиската фамилија(доколку имаат среќа фамилијата да им е блиску) и соседите. Голем дел од старите лица се осамени бидејќи децата им се во странство и доаѓаат многу ретко. Охрид е град со најголема стапка на исселување во Македонија (податоци од Држ. Завод за статистика). Секојдневието на овие лица е исполнето со многу предизвици, бидејќи се ограничени во движење (поради болест, изнемоштеност), многу од обврските (како набавка на храна и плаќање на сметки) за нив се голем предизвик и зависат од други луѓе, а не ретко се и жртви на семејно насилство каде им се одзема пензијата и тие немаат можност да управуваат сами со своите средства. Поради сето ова, голем дел од старите лица се повеќе се повлекуваат, се изолираат и се склони кон депресија покрај останатите здравствени проблеми кои ги имаат.Временска рамка:
Декември 2017- Август 2018Резултати:
- Организиравме 36 работилници на различни теми (јога, готвење на здрава храна, лекување и превенција од болести)
- 426 учесници стари лица беа директно вклучени во работилниците
- Преку 1000 лица беа индиректно запознаени со темата за социјална вклученост на стари лица и со проектните активности (преку ТВ и радио емисиите)
Проектот беше застапен во медиумите и на социјалните мрежи, како и на најгледаната регионална телевизија ТВМ како дел од вестите.
Повеќе за проектните активности може да прочитате во линковите по долу:
- Проектот „И старите можат“ во вестите на ТВМ
- Предавање „Рана дијагностика и превенција од Алцхајмерова болест/деменција“ во вестите на ТВМ Линк
- Предавање „Договори за издршка, подарок и тестамент“ во вестите на ТВМ Линк
- Предавање „Во кујна наместо во болница“ во вестите на ТВМ Линк
- Линк од статија на веб страната на „ИнклузиваМ“
- Линк од статија за промоција на проектот објавена на порталот „Охридпресс“
- Линк од статија за промоција на проектот објавена на порталот „Стругаонлине“
- Линк од статија за промоција на проектот објавена на порталот „Стругаонлине“
- Линк од статија за промоција на работилницата за приготвување здрава храна, објавена на веб порталот „Стругаонлине“
- Линк од статија за промоција на работилницата за приготвување здрава храна, објавена на официјалната веб страна на општина Дебрца
- Линк од статија за промоција на работилницата за танго објавена на порталот „Стругаонлине“
- Линк од facebook објавата за промоција на предавањата на тема „Дегенеративни заболувања“
- Линк од facebook објавата за промоција на предавањата на тема „Како го победив ракот“
- Линк од facebook објавата за промоција на предавањата на тема „Во кујна наместо во болница“
- Линк од facebook објавата за промоција на работилниците за готвење здрава храна
- Линк од Facebook објавата за промоција на јога работилниците
- Фотографии од предавањата
- Фотографии од работилниците за танго
Find us