Повик за прибирање понуди 04/2016 од 12/02/2016
Локална Агенција за Развој од Струга за потребите за спроведување на проектот: „Декада на припадност-славење на различностите“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014 , Support to Civil Society Organisations under the Civil Society Facility and Media Freedom Action 2014, Budget line: 22.020401 , Reference: EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK објавува
ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ 04/2016 од 12/02/2016
За набавка на услуга за ангажирање Диригент за вокален ансамбл
Вокалното пеење игра важна улога во создавање културен капитал и може да инспирира позитивни промени во општеството. Групното пеење исто така може да понуди алтернативни решенија кон поквалитетен начин на живот и да ја намали оттуѓеноста која е се поприсутна меѓу луѓето.Нашиот регион има долга музичка традиција и хоровите и вокалните ансамбли отсекогаш постоеле. Во последно време оваа убава навика за заеднички дружби поврзани со пеење, е многу ретка и преку оваа активност, проектниот тим, сака да им овозможи на жителите од нашиот регион да почнат повторно да се дружат и да создадат аматерски вокален ансамбл кој ќе има свој репертоар, ќе има настапи и ќе ги спојува луѓето преку музиката како заеднички јазик.
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Локална Агенција за Развој од Струга, со адреса на ул. Владо Малески бб Струга, www.ldastruga.org има потреба од набавка на услуга за ангажирање на еден Диригент за вокален ансамбл
2. Предмет на договорот за набавка на услуга
Ангажирање на Диригент за воспоставување и координирање на мултиетнички вокален ансамбл составен од 30 членови - жители во Југозападниот регион на Македонија.
Квалификации:
- универзитетско образование Музичка Академија
- искуство во диригирање на хорови
- Учества на хорски фестивали
3. Опис на услугата
Услугата треба да опфати создавање и координирање на вокален-музички ансамбл составен од 30 учесници на различна возраст од различни етнички заедници од општините Струга и Охрид од југозападниот регион.
Резултати од оваа активност треба да се: реализирани 240 хорски проби и три јавни настапи кои ќе бидат осмислени за време на ангажманот.
Исто така треба да се изготви завршен Извештај за спроведената активност во електронска форма на македонски јазик.
4. Временска рамка
Услугата треба да се испорача во периодот 01.03.2016 – 30.12.2017
Локална Агенција за Развој од Струга го задржува правото на измена/продолжување на временската рамка и испораката на нарачаната услуга од страна на добавувачот во зависност од потребите на идните активности што треба да се реализираните активности во рамките на проектот.
5. Изготвување на понудите
Набавката ќе се реализира од страна на добавувач со искуство за испорака на ваков тип на услуги.
Локална Агенција за Развој од Струга во согласност со одредбите на договорот со донаторот спроведува ограничен повик со прибирање на најмалку 3 понуди.
Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда односно пополнета Апликација (Анекс на овој Повик)
Квалитативната понуда треба да се состои од:
- Предлог методологија со временска рамка
- Кратка биографија (CV) на експертот
- Искуство во диригирање на хорови
- Учества на хорски фестивали
Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена од денот на отворање на понудите.
Јазик на понудата: Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик
6. Начин на доставување на понудите
Понудите можат да се достават по електронски пат на contact@ldastruga.org или директно во канцеларијата на Локалната агенција за развој на ул. Владо Малески бб (Старо училиште Браќа Миладиновци) Струга, секој работен ден од 08-16 часот, контакт телефон 046/784 151.
Рок за доставување на понудите е 10 календарски дена од објавување на овој повик (12/02/2016) односно понеделник, 22.02.2016 година до 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според барањата во повикот, нема да бидат земени предвид.
7. Услови и начин на плаќање
Плаќањето ќе биде во три транши 30% по потпишување на договорот и започнување на активноста, 25% во текот на имплементација на проектот на крајот на 2016 година по поднесен извештај и 35% по целосно извршување на услугите предвидени со овој повик и предавање на завршен извештај од активноста.
8. Критериуми за доделување на договор
Изборот на добавувачот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и финансиската понуда. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понудата е следната:
9. Отворање на понудите
Понудите ќе бидат отворени без присуство на јавноста на ден 24.02.2016 година, во 12 часот, во седиштето на Локална Агенција за Развој во Струга.
10. Известување на понудувачите
Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за набавка со прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за набавката, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката.
Find us