Повик за прибирање понуди 03/2016
Локална Агенција за Развој од Струга за потребите за спроведувње на проектот: „Декада на припадност-славење на различностите“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014 , Support to Civil Society Organisations under the Civil Society Facility and Media Freedom Action 2014, Budget line: 22.020401 , Reference: EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK објавува
ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ 03/2016
За набавка на услуга за ангажирање на локален асистент за театар и танц
Театарот и танцот имаат потенцијал да им овозможат на децата од различни етнички, социјални и културни позадини да се спријателат и да им помогнат да развијат истражувачки дух ослободен од предрасуди. Театарот во нашата активност е извор на алатки кои ќе и помогнат на личноста вовлечена во сцената свесно и смислено да одлучи за своето дејствие во однос на стимулацијата и да пронајде соодветен јасен израз на намера. Танцот овозможува комуницирање преку говор на телото кој ја надминува вербалната комуникација и предизвиците кои таа ги носи. Мисијата на оваа активност е да ги мотивира децата и младите да соработуваат и взаемно да се инспирираат кон создавање на заедничко дело – претстава/инсталација која самите ќе ја осмислат.
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Локална Агенција за Развој од Струга, со адреса на ул. Владо Малески бб Струга , www.ldastruga.org има потреба од набавка на услуга за ангажирање двајца обучувачи за театарска игра
2. Предмет на договорот за набавка на услуга
Ангажирање двајца обучувачи за театар и танц
Квалификации и вештини:
- стручно образование во област на театар, глума или танц
- учество во реализирација на настани јавни настапи/изведби/претстави
Професионално искуство
- Најмалку 3 години професионално искуство во театар и танц
- Искуство во работа со деца и млади и познавање на педагогијата
- Способност за изнаоѓање креативни, алтернативни и ефикасни решенија за концептуализирање на проектот и неговиот развој
- Разбирање на потребите на локалната средина и децата/младите од 7 – 18 годишна возраст
- Познавање на локален контекст и претходно искуство и соработка со локални институции
3. Опис на услугата
Услугата за ангажирање двајца обучувачи за театарска игра треба да опфати обука на најмалку 30 деца и млади на возраст од 7-18 годишна возраст од различни етнички заедници од општините Охрид и Струга.
Локалниот асистент трреба да учествува на и да асистира на избраните обучувачи за театар и танц.
Исто така треба да се изготви завршен Извештај за спроведените обуки во електронска форма , двојазично, на македонски и англиски јазик.
4. Временска рамка
Услугата треба да се испорача во периодот 01.04.2016 – 01.08.2017 и тоа 4 обуки месечно или вкупно 64 обуки за 16 месеци.
Локална Агенција за Развој од Струга го задржува правото на измена на временската рамка и испораката на нарачаната услуга од страна на добавувачот во зависност од потребите на идните активности во рамките на проектот.
5. Изготвување на понудите
Набавката ќе се реализира од страна на добавувач со искуство за испорака на ваков тип на услуги. Локална Агенција за Развој од Струга во согласност со одредбите на договорот со донаторот спроведува ограничен повик со прибирање на најмалку 3 понуди.
Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда.
Квалитативната понуда треба да се состои од:
- Кратка биографија (CV) на експертот
- Референтна листа на активности на понудувачот
Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена од денот на отворање на понудите.
Јазик на понудата: Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик
6. Начин на доставување на понудите
Понудите се доставуваат по електронски пат на contact@ldastruga.org
Краен рок за доставување на понудите е понеделник, 22.02.2016 година до 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според барањата во повикот, нема да бидат земени предвид.
7. Услови и начин на плаќање
Плаќањето ќе биде двократно – 50% по потпишување на договорот за испорака на услуги и 50% по целосно извршување на услугите предвидени со овој повик.
Постапка за избор
8. Критериуми за доделување на договор
Изборот на добавувачот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и финансиската понуда.
9. Отворање на понудите
Понудите ќе бидат отворени без присуство на јавноста на ден 23.02.2016 година, во 12 часот, во седиштето на Локална Агенција за Развој во Струга.
10. Известување на понудувачите
Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за набавка со прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за набавката, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката.
Find us